Чиста вода, здрави поколенија
Ние знаеме како да ја третираме Водата!

За нас

Техноунион е основана во 1991 година. Фирмата  во почетокот се занимаваше со трговија на големо и мало. Работевме со водоводни материјали, пумпи, хидрофори, претежно за потребите на домаќинствата.

Како што се развивавме така се зголемуваше  и потребата за проширување на нашата фирма, така што почнавме со проширување на малопродажната мрежа во градот.

Техноунион располагаше со три малопродажни објекти со комплетен асортиман на производи и услуги  за хидро опрема.

Сето тоа го наметна прашањето што понатака ,и во периодот од  1995 година отпочнавме со проширување на дејноста за хидро опрема, при што отпочнавме со монтажа на хидро објекти кои имаат потреба за зголемување на притисокот на водата и решавање на против пожарна заштита на објектите.

Техноунион оваа своја активност ја реализираше во соработка со фирмата ХИДРОМОНТАЖА  од Сараево.  Така што  отпочнавме со  многу поголема специјалност во областа на  третман на вода, и  усовршување на опремата за Гасно и Течно хлорирање на вода.

За ова свое усовршување  неопходно беше  да се контактира со специјализирани фирми, европски лидери во својата дејност.

Во почетокот работевме со фирмата ETATRON  од Италија која ги произведуваше најдобрите пумпи за течно хлорирање  на водата.

Гасното хлорирање го отпочнавме во соработка со фирмата INTERMA AQVA од Србија, HIDRO SANITAS од Србија, како и со фирмата HIDROINSTRUMENTS од САД.

Важно е да напоменеме дека вработените во целост пристапија кон директна обука за оваа работа која, бараше  поголемо усовршување.

Соодветните обуки  за опремата, сервисирањето и инсталирањето сервисери ги реализираа во странство. Како застапници на фирмите со кои соработувавме имавме можност да соработуваме со стручни лица во својата област, што беше од особена важност за подобро задоволување на потребите на домашниот пазар.

Потоа следуваа монтажи на повеќе објекти, монтажи за станици за гасно хлорирање, како и  станици за течно хлорирање на водата.

Техноунион со оспособувањето и развојот на оваа област стана лидер во Р. Македонија.

Во делот на развојот Техноунион отпочнуваше со продажба на водомери и тоа во комплетниот асортиман, мислејќи на водомери за домаќинствата и водомери за индустријата.

Техноунион  и со оваа област ја прошири својата дејност, покрај продажбата почнавме со обука за сервис и монтажа на водомери домашни и странски.

За таа цел започнавме со обука во фирмата MADALENA во Италија, МОМ  Унгарија, со што во целот ја усовршивме потребната техниката за работење.

Со потребата за целосното затварање на процесот продажба, сервисирање на водомери, се наметна потребата за нивно баждарење.

Техноунион и овој предизвик го решава во целост, на тој начин што отвара дигитална АКРЕДИТИРАНА БАЖДАРНА ЛАБАРАТОРИЈА.

Со тоа Р.Македонија доби специјализирана фирма за продажба на опрема за течно и гасно хлорирање на водата, како и продажба и сервис со баждарење на водомери.